МОЛИТВА ЗА ПАСТОРАЛНАТА ПОСЕТА НА ПАПАТА ФРАНЦИСК НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Оче, Небесен Боже,
Ти благодариме што ни даруваш благодат преку пасторалната посета на папата Франциск на Твојата Црква и народ.
Слушни ја нашата молитва, дај му милост на Светиот Отец, да нѐ зацврсти во верата, охрабри во надежта и соедини во љубовта, за да можеме да живееме во мир и слога во нашата Татковина.
Благослови ја, Господи, нашата Земја да растеме во вистина и заедништво и да напредуваме во добро на Твоја слава.
Зашто Ти си свет и живееш во светиите, сега и секогаш и во вечни векови.
Амин!