ПОСЕБНИ ПРАВИЛА ЗА ОДНЕСУВАЊЕ НА СВЕТА ЛИТУРГИЈА НА ПЛОШТАДОТ ВО СКОПЈЕ
Ве молиме добро да се запознаете со правила за однесување и да ги почитувате истите за време на Апостолската посета на Папата Франциск во Северна Македонија.
Влезови и пристапи кон Плоштадот „Македонија“
Ве молиме почитувајте ја зоната која е испишана на вашата влезница и пронајдете го точниот влез од каде треба да пристапите кон истата.
Влезовите во зоните на Плоштадот ќе бидат отворени од:
06:00 до 09:00

Проверете го вашиот билет за влез во затворената зона. На билетот е испишана зоната во која треба да влезете, а веднаш до неа има исцртано карта на целиот плоштад, со јасно означени и различно обоени влезови. Бојата на вашиот билет кореспондира со бојата на влезот низ кој треба да поминете. Запознајте се добро со картата и ќе можете многу лесно и брзо да ја најдете вашата зона.
Испланирајте го вашиот пристап кон Плоштадот користејќи ја интерактивната мапа.
Важно е добро да се запознаете од каде да влезете за да стигнете во вашата зона, како и каде може да се обратите за прва помош, вода и насоки.
Мапата може да се зачува и на мобилен телефон и да ви биде достапна и доколку немате пристап до интернет. Исто така, може и многу лесно да се испринта.
Правила на однесување:
Кога Светиот Отец ќе минува меѓу присутните не е дозволено фрлање на било какви предмети, дури ни цвеќе;
Во текот на литургиската прослава не е дозволено ракоплескање.
Забрането е:
- носење на експлозивни направи, пиротехнички средства (запалки, петарди, факли), запаливи смеси и течности, спрееви и шишиња со компримиран воздух, огнено и ладно оружје (ножеви, сите видови метални предмети, шипки, палки, ланци, ножици, жилети, комплети за маникирање, метални прибори за јадење);
- предмети погодни за повредување и самоповредување;в) храна и пијалоци во метална и стаклена амбалажа;
- сите видови на алкохолни пијалоци;
- чадори;
- транспаренти и големи знамиња.
Сите учесници со себе треба да имаат:
- влезница:
- лична карта (за учесниците од Македонија) или пасош (за учесниците надвор од Македонија);
- здравствена книшка и историја на болеста за хронично болните, како и најпотребните лекови кои ги користат;
- вода или освежувачки пијалоци во проѕирна пластична амбалажа (вода ќе може да добиете и на Плоштадот);
- препорачуваме мантил за дожд, во случај на врнежливо време.
Препораки
- присутните со себе да не носат голема количина на пари или предмети со поголема вредност;
- следете ја временската прогноза, носете облека во согласност со времето и со правилата за облекување;
- почитувајте ги упатствата кои ќе ги даваат водителите на програмата, волонтерите и полицијата;
- доколку имате потреба од помош, обратете се до најблискиот волонтер, кој ќе биде означен со препознатлива ознака.
Напомени за граѓаните кои доаѓаат надвор од скопје на 7 МАЈ 2019
2. Учесниците треба да пристигнат во Скопје најдоцна до 6 часот на 7 мај.
3. Влезот во литургискиот простор ќе биде отворен од 6 часот. Потребно е да влезете најдоцна до 9 часот.
4. Пред влезот во литургискиот простор ќе биде извршен полициски преглед. По влегувањето, секој присутен треба да ги почитува следните правила на однесување.