Координативното тело за организирање на посетата на Папата Франциск на Република Северна Македонија, информира дека се преостанати мал број бесплатни билети за учество на централниот настан од посетата на Папата, литургијата на Плоштадот Македонија во Скопје на 7 мај.

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да присуствуваат на овој историски јавен настан можат да подигнат бесплатни билети и во текот на утрешниот ден, недела, 5 мај, во перидот од 12 до 17.30 часот, на промотивниот штанд пред Спомен куќата на Мајка Тереза на улица Македонија во Скопје.