Медија центар

Страна посветена на сите информации и новости поврзани со Апостолската посета на Папата Франциск на Република Северна Македонија. Тука можете да ги најдете сите соопштенија, слики и видеа, како и подетални информации за медиумски работници, поврзани со посетата.

Информации за медиуми

Сите акредитирани медиумски работници добиваат пристап до Медија центарот, кој е лоциран во центарот на градот Скопје, во Домот на АРМ.

Flicker линк за слики: https://flic.kr/s/aHskR5ntVT

Пренос во живо: https://youtu.be/6LGcbVMVqZA

Медиа центарот е опремен со Интернет, пренос во живо од Националната телевизија и работни места за сите акредитирани медиуми, а ќе биде отворен:

  • 5-ти мај од 15:00 до 22:00 часот
  • 6-ти мај од 09:00 до 00:00 часот.
  • 7-ми мај од 05:00 до 22:00 часот.

Деновите на кои може да се подигнат Вашите акредитации се 5 и 6 мај (во горенаведените саатници) особено поради забраната и ограничување на сообраќајот во централното градско подрачје на Скопје за време на посетата на 7-ми мај, која започнува во 06:00 часот наутро.

Агенда на посетата за акредитирани медиуми:

Во продолжение Ви испраќаме детална агенда со саатници, за секоја локација на која Ви се овозможува пристап. Ве молиме да ги почитувате подолунаведените саатници бидејќи движењето низ локациите ќе биде прецизно органичено согласно планираната агенда. Офицери за односи со јавност ќе бидат присутни на секоја локација за асистенција на вашиот пристап движење и позиционирање.

1. Локација: „Меѓународен аеродром Скопје“ – Свечен пречек со почесна гарда на армијата

Сите претставници на медиумите кои планираат да го проследат свечениот пречек на „Меѓународниот аеродром Скопје“, потребно е да пристигнат на локација најдоцна до 06:00 часот.

*Забелешка: Сите претставници на медиумите кои планираат да го проследат свечениот пречек на аеродромот, нема да бидат во можност да пристигнат на локацијата број 2 – Вила Водно.

2. Локација: Плато на претседателска палата, Вила Водно – Официјална церемонија

Сите претставници на медиумите кои планираат да ја проследат официјалната церемонија со високи државни и воени почести, потребно е да пристигнете на платото во Вила Водно најдоцна до 07:00 часот.

По официјалната церемонија, претставниците на медиумите ќе имаат можност да го проследат обраќањето на Неговата Светост Папата Франциск пред државните власти, граѓанското општество и дипломатскиот кор, на видео бим во дворот на палатата. Дополнително, ќе биде овозможен пристап до сателитски линк кој може да го искористите за директен пренос.

*Забелешка: Сите претставници на медиумите кои планираат да ја проследат официјалната церемонија на платото на претседателската палата, нема да бидат во можност да пристигнат на локацијата број 4 – Плоштад Македонија.

3. Локација: Средба со верски лидери во спомен куќа на Света Мајка Тереза – не е овозможен пристап за медиуми

* За сите национални телевизии ќе биде овозможено вклучување во живо од Медија центарот на две стендап позиции:

  1. Тераса Медија центар и
  2. Плато на Медија центар – прес корнер

На сите претставници на медиумите ќе им биде овозможен пристап до сателитски линк кој може да се искористи за директен пренос од посетата на Спомен куќата на Света Мајка Тереза и средбата на Неговата Светост со верските лидери и роднини на Света Мајка Тереза.

По средбата со верските лидери, во амфитеатарот зад Спомен куќата на Света Мајка Тереза, Папата Франциск ќе има средба со ранлива група на граѓани.

(Обезбеден превод на македонски јазик) 

4. Локација: Плоштад „Македонија“ – Света Литургија

Бидејќи во рестриктивната зона ќе има ограничено движење на пешаци, поаѓањето за снимателите и фотографите кон позициите за Светата Литургија на плоштадот ќе биде од Медија центарот во четири организирани тури: 

  1. Првата група поаѓа од Медија центарот, во 08:15 часот.
  2. Второ група поаѓа од Медија центарот, во 08:30 часот.
  3. Третата група поаѓа од Медија центарот, во 08:45 часот.
  4. Четвртата и последна група поаѓа од Медија центарот во 09:00 часот.

За време на Светата Литургија, за сите сниматели и фоторепортери ќе биде овозможен пристап на посебни платформи лоцирани од двете страни на бината.

Сите останати претставници на медиумите (новинари,уредници) ќе имаат можност да ја следат Литургијата на плоштадот помеѓу другите присутни граѓани со прикажување на акредитацијата при влезот во обезбедената зона. Дополнително, Светата Литургија ќе може да се следи од директен пренос во Медија центарот.

Согласно протоколот, во тек на одржување на Светата Литургија нема да има можност за вклучување во живо во делот на платформите за сниматели и фоторепортери. Таква можност постои само надвор од оградените простори и обезбедената зона на самиот плоштад , како и пред Медија центарот.

5. Локација: Католичка црква / Пасторијален центар – Екуменска и меѓурелигиска средба со младите

Националните телевизии кои планираат да ја проследат меѓурелигиската средба со младите, потребно е да пристигнат во Пасторијалниот центар најдоцна до 15:00 часот.
*Забелешка:
 Сите национални телевизии кои планираат да ја проследат екуменската и меѓурелигиската среба со младите, нема да бидат во можност да пристигнат на локацијата број 7 – заминување на меѓународниот аеродром.

6. Локација: Католичка црква / Пасторијален центар – Средба со свештениците, нивните семејства и богопосветените – не е овозможен пристап за медиуми

На сите претставници на медиумите ќе им биде овозможен пристап до сателитски линк кој може да се искористи за директен пренос од средбата со свештениците, нивните семејства и богопосветените.

7. Локација: „Меѓународниот аеродром Скопје“ – Заминување на Неговата Светост Папата Франциск, испраќање со воена почесна гарда

Сите претставници на медиумите кои планираат да го проследат свеченото испраќање на „Меѓународниот аеродром Скопје“, потребно е да пристигнат на локација најдоцна до 16:00 часот.

Соопштенија и медиумски објави

Северна Македонија го испрати Папата Франциск, посетата рашири пораки за соживот, мир и соработка

Претседателот на Република Северна Македонија, Ѓорге Иванов и Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во доцните попладневни часови на скопскиот аеродром учествуваа во свеченото испраќање на Неговата светост, Папата Франциск кој денеска...

Поздравен говор при посетата на св. Отец во Скопската катедрала на средбата со духовенството 07.05.2019 год.

Свети Оче, од апостолски времиња, на овие географски простори, до денес одекнува навестувањето на Христовата радосна вест на Спасението. Од онаа благословена ноќ кога Апостолот на Народите, св. Павле, имал видение и кога му се укажува некој Македонец (спр. Дела 16,9),...

Екуменска и меѓурелигиска средба на Неговата Светост Папата Франциск со млади и со свештеници: Историјата ја пишуваат оние личности кои немат страв својот живот да го потрошат за љубовта кон ближните

Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск, во рамки на историската посета на нашата држава, Северна Македонија, по Светата Литургија со која чиноначалствуваше на плоштадот ,,Македонија” во катедралата „Пресвето срце Исусово” оствари и екуменска и...

Проповед на светиот Отец – Света литургија

„Кој доаѓа при Мене, нема да огладни, и, кој верува во Мене, нема никогаш да ожедни“, штотуку ни кажа Господ (Ив 6, 35) Во Евангелието, околу Исус, се концентрира една толпа која сеуште пред очи го имаше умножувањето на лебовите. Еден од тие моменти што остана втиснат...

Неговата Светост Папата Франциск во дворот на Меморијалниот центар се сретна со верските лидери и благослови граѓани од ранливите категории

Поглаварот на Римокатоличката црква Папата Франциск во рамки на апостолската посета на Република Северна Македонија, по официјалниот пречек и средбата со претставниците на државниот врв, ја посети Спомен куќата на Мајка Тереза каде оствари средба со религиозните...

Обраќање на Папата Франциск во Вила Водно

Господине Претседателе, Господине Премиере, Почитувани членови на дипломатскиот кор, Почитувани претставници на општеството и религијата, Драги браќа и сестри, Од сѐ срце му благодарам на Господинот Претседател за неговите љубезни зборови за добредојде и за ценетата...

Неговата Светост Папата Франциск во Меморијалниот центар „Мајка Тереза”: Света Мајка Тереза моли се за овој град, за овој народ, за својата Црква и за сите оние кои сакаат да го следат Христа

Поглаварот на Римокатоличката црква Папата Франциск во рамки на апостолската посета на Република Северна Македонија, по официјалниот пречек и средбата со претставниците на државниот врв, претседателот на државата Ѓорге Иванов и претседателот на Владата Зоран Заев ја...

Папата Франциск од Претседателската резиденција: Ве охрабрувам да го следите започнатиот пат и да ја направите вашата земја светилник на мирот, гостопримството и интеграција

Посетата на Неговата Светост, Папата Франциск, на нашата земја продолжи со официјалниот државен пречек во претседателската резиденција „Вила Водно“, каде што високиот гостин и неговата придружба од избрани кардинали, меѓу кои и државниот секретар на Ватикан Пјетро...

Неговата Светост, Папата Франциск, пристигна во еднодневна историска посета на Република Северна Македонија

Неговата Светост, Папата Франциск, врховниот свештеник на Римокатоличката црква, пристигна во еднодневна посета на Република Северна Македонија. На аеродромот во Скопје, Светиот Отец, Папата Франциск го пречекаа Претседателот на Република Северна Македонија Ѓорге...

Информации за работата на болници во Скопје

Утре, на 7 мај, за време на посетата на Папата Франциск, сите наши сограѓани навремено и непречено ќе ги добијат неопходните здравствени услуги и интервенции. Клиничкиот центар во Скопје ќе биде прилагоден на посебните меѓународни стандарди коишто се применуваат во...