Медија центар

Страна посветена на сите информации и новости поврзани со Апостолската посета на Папата Франциск на Република Северна Македонија. Тука можете да ги најдете сите соопштенија, слики и видеа, како и подетални информации за медиумски работници, поврзани со посетата.

Информации за медиуми

Сите акредитирани медиумски работници добиваат пристап до Медија центарот, кој е лоциран во центарот на градот Скопје, во Домот на АРМ.

Flicker линк за слики: https://flic.kr/s/aHskR5ntVT

Пренос во живо: https://youtu.be/6LGcbVMVqZA

Медиа центарот е опремен со Интернет, пренос во живо од Националната телевизија и работни места за сите акредитирани медиуми, а ќе биде отворен:

  • 5-ти мај од 15:00 до 22:00 часот
  • 6-ти мај од 09:00 до 00:00 часот.
  • 7-ми мај од 05:00 до 22:00 часот.

Деновите на кои може да се подигнат Вашите акредитации се 5 и 6 мај (во горенаведените саатници) особено поради забраната и ограничување на сообраќајот во централното градско подрачје на Скопје за време на посетата на 7-ми мај, која започнува во 06:00 часот наутро.

Агенда на посетата за акредитирани медиуми:

Во продолжение Ви испраќаме детална агенда со саатници, за секоја локација на која Ви се овозможува пристап. Ве молиме да ги почитувате подолунаведените саатници бидејќи движењето низ локациите ќе биде прецизно органичено согласно планираната агенда. Офицери за односи со јавност ќе бидат присутни на секоја локација за асистенција на вашиот пристап движење и позиционирање.

1. Локација: „Меѓународен аеродром Скопје“ – Свечен пречек со почесна гарда на армијата

Сите претставници на медиумите кои планираат да го проследат свечениот пречек на „Меѓународниот аеродром Скопје“, потребно е да пристигнат на локација најдоцна до 06:00 часот.

*Забелешка: Сите претставници на медиумите кои планираат да го проследат свечениот пречек на аеродромот, нема да бидат во можност да пристигнат на локацијата број 2 – Вила Водно.

2. Локација: Плато на претседателска палата, Вила Водно – Официјална церемонија

Сите претставници на медиумите кои планираат да ја проследат официјалната церемонија со високи државни и воени почести, потребно е да пристигнете на платото во Вила Водно најдоцна до 07:00 часот.

По официјалната церемонија, претставниците на медиумите ќе имаат можност да го проследат обраќањето на Неговата Светост Папата Франциск пред државните власти, граѓанското општество и дипломатскиот кор, на видео бим во дворот на палатата. Дополнително, ќе биде овозможен пристап до сателитски линк кој може да го искористите за директен пренос.

*Забелешка: Сите претставници на медиумите кои планираат да ја проследат официјалната церемонија на платото на претседателската палата, нема да бидат во можност да пристигнат на локацијата број 4 – Плоштад Македонија.

3. Локација: Средба со верски лидери во спомен куќа на Света Мајка Тереза – не е овозможен пристап за медиуми

* За сите национални телевизии ќе биде овозможено вклучување во живо од Медија центарот на две стендап позиции:

  1. Тераса Медија центар и
  2. Плато на Медија центар – прес корнер

На сите претставници на медиумите ќе им биде овозможен пристап до сателитски линк кој може да се искористи за директен пренос од посетата на Спомен куќата на Света Мајка Тереза и средбата на Неговата Светост со верските лидери и роднини на Света Мајка Тереза.

По средбата со верските лидери, во амфитеатарот зад Спомен куќата на Света Мајка Тереза, Папата Франциск ќе има средба со ранлива група на граѓани.

(Обезбеден превод на македонски јазик) 

4. Локација: Плоштад „Македонија“ – Света Литургија

Бидејќи во рестриктивната зона ќе има ограничено движење на пешаци, поаѓањето за снимателите и фотографите кон позициите за Светата Литургија на плоштадот ќе биде од Медија центарот во четири организирани тури: 

  1. Првата група поаѓа од Медија центарот, во 08:15 часот.
  2. Второ група поаѓа од Медија центарот, во 08:30 часот.
  3. Третата група поаѓа од Медија центарот, во 08:45 часот.
  4. Четвртата и последна група поаѓа од Медија центарот во 09:00 часот.

За време на Светата Литургија, за сите сниматели и фоторепортери ќе биде овозможен пристап на посебни платформи лоцирани од двете страни на бината.

Сите останати претставници на медиумите (новинари,уредници) ќе имаат можност да ја следат Литургијата на плоштадот помеѓу другите присутни граѓани со прикажување на акредитацијата при влезот во обезбедената зона. Дополнително, Светата Литургија ќе може да се следи од директен пренос во Медија центарот.

Согласно протоколот, во тек на одржување на Светата Литургија нема да има можност за вклучување во живо во делот на платформите за сниматели и фоторепортери. Таква можност постои само надвор од оградените простори и обезбедената зона на самиот плоштад , како и пред Медија центарот.

5. Локација: Католичка црква / Пасторијален центар – Екуменска и меѓурелигиска средба со младите

Националните телевизии кои планираат да ја проследат меѓурелигиската средба со младите, потребно е да пристигнат во Пасторијалниот центар најдоцна до 15:00 часот.
*Забелешка:
 Сите национални телевизии кои планираат да ја проследат екуменската и меѓурелигиската среба со младите, нема да бидат во можност да пристигнат на локацијата број 7 – заминување на меѓународниот аеродром.

6. Локација: Католичка црква / Пасторијален центар – Средба со свештениците, нивните семејства и богопосветените – не е овозможен пристап за медиуми

На сите претставници на медиумите ќе им биде овозможен пристап до сателитски линк кој може да се искористи за директен пренос од средбата со свештениците, нивните семејства и богопосветените.

7. Локација: „Меѓународниот аеродром Скопје“ – Заминување на Неговата Светост Папата Франциск, испраќање со воена почесна гарда

Сите претставници на медиумите кои планираат да го проследат свеченото испраќање на „Меѓународниот аеродром Скопје“, потребно е да пристигнат на локација најдоцна до 16:00 часот.

Соопштенија и медиумски објави

Бесплатни билети за литургијата на Папата може да се подигнат и утре, недела, од 12 до 17.30 часот пред Спомен куќата на Мајка Тереза

Координативното тело за организирање на посетата на Папата Франциск на Република Северна Македонија, информира дека се преостанати мал број бесплатни билети за учество на централниот настан од посетата на Папата, литургијата на Плоштадот Македонија во Скопје на 7 мај....

Изготвен литургискиот водич кој ќе се користи за време на Светата литургија на плоштадот „Македонија“

Одборот за литургија за посетата на папата Франциск на Северна Македонија го издаде литургискиот водич кој ќе се користи за време на Светата литургија на плоштадот „Македонија“. Во него е претставен редот на светата литургија, молитвите, читањата од Светото писмо и...

Премиерот Заев: Посетата на Папата Франциск на родниот град на Света Мајка Тереза, носи порака за помирување и солидарност

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев придружуван од скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх, Монс. Киро Стојанов и државниот секретар во министерството за надворешни работи, Виктор Димовски, денеска одржаа заедничка прес-конференција...

Државниот секретар во МНР, Димовски и Монс. Стојанов, на прес-конференција за посетата на Папата Франциск во Северна Македонија

По повод апостолската посета на Светиот Отец, Папата Франциск во Република Северна Македонија, денеска во галеријата на НУ „Спомен-куќа на Св. Мајка Тереза“ во Скопје, се одржа прес-конференција на која државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор...