МОЛИТВА ЗА ПАСТОРАЛНАТА ПОСЕТА НА ПАПАТА ФРАНЦИСК НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Оче, Небесен Боже,

Ти благодариме што ни даруваш благодат преку пасторалната посета на папата Франциск на Твојата Црква и народ.

Слушни ја нашата молитва, дај му милост на Светиот Отец, да нѐ зацврсти во верата, охрабри во надежта и соедини во љубовта, за да можеме да живееме во мир и слога во нашата Татковина.

Благослови ја, Господи, нашата Земја да растеме во вистина и заедништво и да напредуваме во добро на Твоја слава.

Зашто Ти си свет и живееш во светиите, сега и секогаш и во вечни векови.

Амин!