ПОСЕБНИ ПРАВИЛА ЗА ОДНЕСУВАЊЕ НА СВЕТА ЛИТУРГИЈА НА ПЛОШТАДОТ ВО СКОПЈЕ

Ве молиме добро да се запознаете со правила за однесување и да ги почитувате истите за време на Апостолската посета на Папата Франциск во Северна Македонија.

Влезови и пристапи кон Плоштадот „Македонија“

Ве молиме почитувајте ја зоната која е испишана на вашата влезница и пронајдете го точниот влез од каде треба да пристапите кон истата.

Влезовите во зоните на Плоштадот ќе бидат отворени од:

06:00 до 09:00

Проверете го вашиот билет за влез во затворената зона. На билетот е испишана зоната во која треба да влезете, а веднаш до неа има исцртано карта на целиот плоштад, со јасно означени и различно обоени влезови. Бојата на вашиот билет кореспондира со бојата на влезот низ кој треба да поминете. Запознајте се добро со картата и ќе можете многу лесно и брзо да ја најдете вашата зона.

Испланирајте го вашиот пристап кон Плоштадот користејќи ја интерактивната мапа.

Важно е добро да се запознаете од каде да влезете за да стигнете во вашата зона, како и каде може да се обратите за прва помош, вода и насоки.

Мапата може да се зачува и на мобилен телефон и да ви биде достапна и доколку немате пристап до интернет. Исто така, може и многу лесно да се испринта.

Правила на однесување:

Кога Светиот Отец ќе минува меѓу присутните не е дозволено фрлање на било какви предмети, дури ни цвеќе; 
Во текот на литургиската прослава не е дозволено ракоплескање.

Забрането е:

  • носење на експлозивни направи, пиротехнички средства (запалки, петарди, факли), запаливи смеси и течности, спрееви и шишиња со компримиран воздух, огнено и ладно оружје (ножеви, сите видови метални предмети, шипки, палки, ланци, ножици, жилети, комплети за маникирање, метални прибори за јадење);
  • предмети погодни за повредување и самоповредување;в) храна и пијалоци во метална и стаклена амбалажа;
  • сите видови на алкохолни пијалоци;
  • чадори;
  • транспаренти и големи знамиња.

Сите учесници со себе треба да имаат:

  • влезница:
  • лична карта (за учесниците од Македонија) или пасош (за учесниците надвор од Македонија);
  • здравствена книшка и историја на болеста за хронично болните, како и најпотребните лекови кои ги користат;
  • вода или освежувачки пијалоци во проѕирна пластична амбалажа (вода ќе може да добиете и на Плоштадот);
  • препорачуваме мантил за дожд, во случај на врнежливо време.

Препораки

  • присутните со себе да не носат голема количина на пари или предмети со поголема вредност;
  • следете ја временската прогноза, носете облека во согласност со времето и со правилата за облекување;
  • почитувајте ги упатствата кои ќе ги даваат водителите на програмата, волонтерите и полицијата;
  • доколку имате потреба од помош, обратете се до најблискиот волонтер, кој ќе биде означен со препознатлива ознака.

Напомени за граѓаните кои доаѓаат надвор од скопје на 7 МАЈ 2019

1. Напоменуваме  дека би било добро автобусите и личните автомобили да бидат обележани со плакат или некаков знак за распознавање. На влезовите во градот ќе има полиција која ќе ве насочува кон паркингот каде ќе ве дочекаат волонтери, кои ќе ве насочат кон плоштадот каде ќе се одржува Светата литургија со Папата Франциск.

2. Учесниците треба да пристигнат во Скопје најдоцна до 6 часот на 7 мај.

3. Влезот во литургискиот простор ќе биде отворен од 6 часот. Потребно е да влезете најдоцна до 9 часот.

4. Пред влезот во литургискиот простор ќе биде извршен полициски преглед. По влегувањето, секој присутен треба да ги почитува следните правила на однесување.

Ве замолуваме да внимавате на хигиената на просторот каде ќе се движите!