Посебни правила за движење на автомобили и пешаци за време на посетата на Папата Франциск на 7 мај 2019 год

За време на Апостолската посета на Папата Франциск, на територијата на град Скопје ќе важат посебни правила за движење на автомобили и на пешаците низ Скопје.

Дополнително, информираме дека 7 мај е неработен ден за сите вработени во јавната и државната администрација на територијата на Град Скопје!

Посебните правила ќе важат:

06:00ч – 19:00ч

Aпелираме до граѓаните:

  1. Користете го бесплатниот јавен превоз;
  2. Патувајте со бесплатен воз до Скопје (доколу можете);
  3. Почитувајте ја поставената сообраќајна сигнализација.

Пристапот за моторни возила, велосипеди, мопеди и слично е забранет во обезбедената зона.

p

Бесплатен јавен градски превоз

На 7 мај автобускиот градски превоз во Скопје ќе биде бесплатен за сите граѓани и посетители. Апелираме на 7 мај да користите јавен превоз.

A

Бесплатен железнички превоз

На 7 мај меѓуградскиот превоз со воз ќе биде бесплатен. Апелираме на граѓаните кои доаѓаат во Скопје да го разгледаат возниот ред и да патуваат со воз.

s

Бесплатен паркинг во Скопје

На 6 мај по 17ч и цел ден на 7 мај, паркинзите во Скопје ќе бидат бесплатни. Апелираме на паркирање на возилата надвор од строгиот центар на Скопје, со цел непречено движење на сообраќајот.

Посебени правила за движење на пешаци во централното градско подрачје на Скопје на ден 07.05.2019

За време на апостолската посетата на Папата Франциск на Република Северна Македонија движењето во централното градско подрачје, за сите граѓани ќе биде непречено, но забавено, бидејќи овој појас ќе биде строго обезбедена зона.

Сите граѓани кои ќе пристапат во оваа зона во периодот од 6:00ч до 19:00ч на 07.05.2019, ќе мора да се идентификуваат со важечки документ за идентификација и да поминат низ безбедносна проверка.

Поради тоа, апелираме сите граѓани кои работат во оваа зона, да ги напуштат своите домови 30 минути порано од вообичаено, со цел да стигнат на време на работа.

Во зоната ќе се пристапува преку 9 влезови на кои МВР ќе врши безбедносна проверка на сите граѓани, како и проверка на лична карти или пасош. Ова се единствените влезови во кои ќе се пропуштаат граѓаните кои ќе се упатуваат кон Плоштадот „Македонија“:

Влез 1 кај Управен суд на ул. „Орце Николов”
Влез 2 кај хотел Мериот на ул. „Максим Горки“
Влез 3 кај кафе Тренд на ул. „Никола Вапцаров“
Влез 4 кај Министерство за правда на ул. „Димитрие Чуповски“
Влез 5 кај Министерство за финансии на ул. „Даме Груев“
Влез 6 кај Завод за статистика на ул. „Даме Груев”
Влез 7 кај Пелагонија на ул. „Димитрие Чуповски”
Влез 8 кај Порта Македонија на ул. „11 Октомври”
Влез 9 кај излезот од ГТЦ кон Плоштад

Пешачките мостови на реката Вардар (Камениот мост, Мостот Око и Мостот на уметноста) ќе бидат целосно затворени за движење, како и Кејот ,,13 Ноември” од двете страни на реката.

 

Посебни сообраќајни правила на движење на автомобили во центарот на Скопје

Во централното градско подрачје во Скопје, поточно појасот „Голем ринг“, на 7 мај од 06:00 часот до 19:00 часот ќе има ограничување на сообраќајот и истиот ќе биде пренасочен на сообраќајниците околу Центарот на Скопје, со цел непречено одвивање на истиот.

Во овој временски период ќе се формира „Рестриктивна зона“ на движење, во која за автомобили целосно ќе бидат затворени следните сообраќајници: ул. „11ти Октомври” од крстосницата со бул. „Кочо Рацин” до крстосницата со ул. ,,Димитрие Чуповски”, ул. „Даме Груев“, ул. „Македонија”, ул. „Васил Главинов”, ул. „Филип 2ри Македонски”, ул. „Св. Климент Охридски” и ул. „Иљо Војвода”.

Сообраќајот ќе биде затворен и на бул. „Мајка Тереза“ (поранешно „Водњанска“) во временскиот интервал од 08:15 до 10:00 часот и апелираме сите кои ја користат оваа собраќајница за движење кон своето работно место, истата да ја поминат до 08:00 часот. Сообраќајот нема да има прекин и по 08.15 часот, но ќе се користат споредните улици кои ќе бидат посочени од полициските службеници.

Министерството за внатрешни работи го задржува правото за стационирање (стопирање) на сообраќајот во кратки временски интервали и на други сообраќајници, во времето на движење на Папата Франциск низ Скопје.

Сообраќајници по кои ќе биде дозволено движењето на возилата се следните: бул. „Кочо Рацин”, ул. „11-ти Октовмри” од крстосницата со бул. „Кочо Рацин” до крстосницата со бул. „Борис Трајковски”, ул. „Св.Кирил и Методиј”, бул. „Св. Климент Охридски”, бул. „Партизански Одреди”, бул. „Илинден“, ул. „Самоилова” и бул. „Гоце Делчев”.

Посебени сообраќајни правила на движење на автомобили од Аеродром Скопје до Градот Скопје

Во временските интервали од 07:30 часот до 09:00 часот, како и од 17:00 часот до 18.30 часот, сообраќајот по бул. Александар Македонски од Автокоманда кон Аеродромот Скопје ќе биде затворен во двете насоки и ќе биде пренасочен по споредни сообраќајници.

На патниот правец Велес – Скопје, во овој временски интервал, сообраќајот за влез и излез од Скопје ќе се одвива преку трасата Миладиновци – Идризово – Маџари.

На патниот правец Куманово – Скопје, на клучката кај с. Миладиновци, сообраќајот ќе се пренасочува кон Обиколницата на Скопје, на која прв дозволен влез во градот Скопје ќе биде на клучката кај Радишани.

На автопатот А1, делница Куманово – Велес ќе има краткотраен застој на сообраќајот, во двата посочени временски интервали.

Апелираме до сите граѓани кои планираат да поминуваат на овие три правци, да тргнат 1 час порано од претходно планираното, бидејќи движењето по споредните сообраќајници може да трае подолго од планираното. Истото важи и за сите граѓани кои на 07.05.2019 имаат лет преку Аеродромот Скопје. 

Информации за резиденти и луѓе кои работат во обезбедената зона

Граѓаните кои живеат во рестриктивната зона (т.н. Голем ринг) доколку сакаат да ги користат своите возила на 7 мај, апелираме истите да ги паркираат надвор од зоната на 6 мај. Во спротивно истите нема да можат да ги извадат од зоната за време на посебниот сообраќаен режим од 06:00 до 19:00 часот на 7 мај. Потсетуваме дека градскиот паркинг е бесплатен на 6 мај од 17:00ч.

Сите граѓани ќе имаат непречен пристап до своите живеалишта, односно места на работа, преку поминување на еден од одредените влезови. Важно е сите со себе да носат документ за идентификација. Во зоната ќе имаат слободен пристап до сите локации, освен во затворената зона на самиот Плоштад, за која е потребна влезница за учество во Светата литургија.