СРЕДБА СО СВЕШТЕНИЦИТЕ, НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА И БОГОПОСВЕТЕНИТЕ

Во Катедралата во Скопје ќе влезат само богопосветените лица – бискупи, свештеници, монаси, монахињи и богослови, кои ќе бидат пријавени на настанот, со приложување на влезници.

Сите пријавени учесници за оваа средба, во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ треба да бидат најдоцна до 15:30 часот.

Препорака за учесниците

Во Катедралата ќе можат да влезат само богопосветените лица – бискупи, свештеници (и нивните семејства), монаси, монахињи и богослови кои ќе бидат пријавени на настанот, со приложување на влезниците кои ги добиле при самата пријава. Сите пријавени учесници за оваа средба, во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ треба да бидат најдоцна до 15:30 часот.

Странските државјани треба да ја пополнат апликацијата подолу, а за граѓаните на Република Северна Македонија, регистрацијата се отвора на 22 април и трае до 3 мај, на локациите наведени подолу.

За граѓаните на Република Северна Македонија, регистрацијата трае до 3 мај, во следниве Католички Парохии:

  • Скопје: Катедрала “Пресвето Срце Исусово“
  • Струмица: Катедрала “Успение на Пресвета Богородица“ и “Свети Иван Крстител“
  • Струмички регион: Радово, Секирник, Нова Маала, Петралинци, Сарај, Чанаклија
  • Гевгелија
  • Богданци
  • Куманово
  • Штип
  • Битола
  • Охрид

На средбата на папата Франциск со богопосветените лица ќе може да присуствуваат бискупи, свештеници (и нивните семејства), монаси, монахињи и богослови од Република Северна Македонија и од светот кои претходно ќе се пријават и ќе добијат влезница. Влезниците се бесплатни за сите.

Препорака за свештените лица

  • секој свештеник потребно е со себе да носи соодветна литургиска облека за концелебрација: алби и штола со бела боја без која нема да може да концелебрира;
  • на свештениците кои концелебрираат забрането им е снимање со било какви апарати за снимање, мобилни телефони, камери и сл;
  • сите бискупи и свештеници кои концелебрираат до 10 часот треба да бидат присутни во просторот за свештениците (веднаш до бината) каде ќе ја облекуваат литургиската облека;
  • сите напомени кои им се упатени на останатите учесници исто така им се упатени на свештените лица со напомена за обврзно почитување на важечките литургиски правила и актуелните правила на ватиканската Канцеларија за литургиска подготовка на папските патувања;

НАПОМЕНИ И УПАТСТВА ПО ПОВОД ДОАЃАЊЕТО НА ПАПАТА ФРАНЦИСК ВО СКОПЈЕ НА 7 МАЈ 2019

1. Напоменуваме  дека би било добро автобусите и личните автомобили да бидат обележани со плакат или некаков знак за распознавање (препорачуваме тоа да биде официјалното лого за посетата). На влезовите во градот ќе има полиција која ќе ве насочува кон паркингот каде ќе ве дочекаат волонтери кои ако имате потреба ќе насочат кон плоштадот каде ќе се одржува Светата миса со папата Франциск. Освен на паркингот, личните автомобили ќе може да се паркираат и на местата кон кои ќе ве насочат полицајците.

2. Учесниците треба да пристигнат во Скопје најдоцна до 6 часот. Потребно е да се пристигне во ова време заради безбедносните прегледи кои ќе се вршат на патиштата, а од 7 часот улиците во централното градско подрачје ќе бидат затворени за сообраќај.

3. Влезот во литургискиот простор ќе биде отворен од 6 часот, а до 9 часот сите пријавени учесници треба да се наоѓаат на плоштадот.

4. Во литургискиот простор на плоштадот „Македонија“ ќе може да влезат само пријавените учесници со приложени влезници кои предходно ги добиле при регистрацијата или од водачот на групата.

5. Пред влезот во литургискиот простор ќе биде извршен полициски преглед. По влегувањето, секој присутен треба да ги почитува следните правила на однесување.

Забрането е:

  • носење на експлозивни направи, пиротехнички средства (запалки, петарди, факли, „бенгалки“ и сл.), запаливи смеси и течности, спрееви и шишиња со компримиран воздух, огнено и ладно оружје (ножеви, сите видови метални предмети, шипки, палки, ланци, ножици, жилети, комплети за маникирање, метални прибори за јадење и сл.);
  • предмети погодни за повредување и самоповредување;в) храна и пијалоци во метална и стаклена амбалажа;
  • сите видови на алкохолни пијалоци и чадори;
  • транспаренти и големи знамиња.

Сите учесници со себе треба да имаат:

  • влезница и личен документ (свештени лица и верници):
  • лична карта (за учесниците од Македонија) или пасош (за учесниците надвор од Македонија);
  • здравствена книшка и историја на болеста за хронично болните, како и најпотребните лекови кои ги користат;
  • вода, освежувачки пијалоци во проѕирна пластична амбалажа, а доколку носат храна таа треба да биде во картонска или хартиена амбалажа;
  • препорачуваме мантил за дожд заради можна заштита од дожд.

Препораки

  • присутните со себе да не носат поголема количина на пари или предмети со поголема вредност заради можните ограбувања или губења на истите;
  • следење на временската прогноза и носење на облека во согласност со времето и со правилата за облекување на литургиска прослава;
  • почитување на упатствата кои ќе ги даваат водителите на програмата, волонтерите и полицијата;
  • доколку некој има потреба од здравствена помош, да се обрати до најблискиот волонтер, кој ќе биде означен со препознатлива ознака.

Ве замолуваме да внимавате на хигиената на просторот каде ќе се движите!